Трогателно: Мртво родено бебе среде војната во Сирија, оживеа на неверојатен начин
Во граѓанската војна во Сирија загинаа илјадници луѓе, а уште повеќе се ранети. Но докторите во Алепо успеаја да спасат еден нов живот дента кога загинаа 45 лица.
Мајиса, мајката на ова бебе, почнала да се породува и тргнала на пат кон болница. По пат ја затекнало бомбардирање.
Од експлозија се здобила со повреди, скршеница на десната рака и нога, а еден шрапнел и завршил во стомакот. Докторите стравувале дека бебето е мртво.
Направиле итен царски рез.
Бебето е родено без знаци на живот. Го оживувале 20 минути. Му ги прочистиле дишните патишта, му го масирале срцето, но бебето не давало знаци на живот. Потоа вбризале непозната супстанција во папочната врвца на бебето и и го свртеле наопаку.
Го фатиле за стапалата и докторот почнал да и го трие грбот и да ја тапка по задникот. И бебето тогаш заплакало.
Докторот успеал да ја спаси и мајката.
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза