-->
-->
Трофејната Марина Маљковиќ работеше со македонските кошаркарки
-->
Марина Маљковиќ, светски признатиот кошаркарски стручњак во женската кошарка, и трофеен српски тренер, денеска имаше тренинг со женската репрезентација на Македонија.
Маљковиќ попладнево во малата сала на СЦ „Јане Сандански" одржа демонстративен тренинг со сениорскиот национален тим во женска конкуренција на кој присуствуваа бројни македонски тренери не само од женската туку и од машката кошарка.
- Сакам да придонесам за развојот на кошарката во Македонија и воедно да ја изразам својата поддршка на активирање на женската репрезентација, кратко порача Маљковиќ.
Маљковиќ речиси пет години беше на кормилото на сениорската репрезентација во женска кокуренција на Србија и за тој период освои златен медал на Европското првенство во 2015 година и бронзен на Летните олимписки игри одржани минатата година.
Македонската кошаркарска федерација изрази и огромна благодарност до Македонскиот олимписки комитет (МОК) кој даде безрезервна поддршка за одржување на овој демонстративен тренинг на Маљковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот