Македонија
2. October 2015 - 14:47

Тркалезна маза за говорот на омраза и дискриминацијата во медиумите

„Справување со говорот на омраза и дискриминацијата-влијанието на уредниците и предизвиците со кои се соочуваат“ беше темата на која денеска на тркалезна маса дискутираа претставници од Советот за етика во медиумите (СЕММ), МИМ, уредници од повеќе медиуми, во присуство на шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав.

Слободата на говор, истакна во воведното обраќање Орав,  не смее да дозволи каков било повик на омраза врз национална, расна или верска основа кои поттикнуваат дискриминација, агресија или насилство.

- Толеранцијата и почитување на достоинството на сите луѓе претставува основа на демократското општество. Затоа, континуирана работа за промоција на различноста и инклузивноста од сите засегнати страни и од медиумите е основа за борба против говорот на омраза, е пораката што ја упати евроамбасадорот Орав.

Зборовите се моќни, можат да инспирираат благородни активности, но, нагласи тој, не сме биле сведоци во минатото дека зборовите и говорот на омраза може да испровоцираат и деструктивни постапки.

- Имајќи го ова предвид, голема е одговорноста на новинарите и на медиумите секогаш да обезбедуваат балансирани информации кои се засноваат на факти. Без слободата на изразување и професионалното известување, не е возможно информирано и активно граѓанство, рече Орав, додавајќи оти и државите имаат клучна улога овозможувајќи им на новианрите да работат  во слободна и безбедна средина, без страв од цензура и ограничувања.

Законите за клевета, предупреди, не смее да се злоупотребуваат со цел да се цензурира критиката и јавната дебата. Според него, државите имаат обврска да го почитуваат правото за слободна мисла и изразување, бидејќи слободното изразување е суштествен дел од копенхашките критериуми за интеграција во ЕУ.

- ЕУ ги набљудува овие прашања кои се многу важни. прашања за слободата на медиумите низ пристапаниот дијалог и годишниот извештај за напредок, посебно  внимание се посветува на борбата против неказнувањето во случај на насилство врз новинарите, создавање транспарентни пазари и развивање на судтво кое ќе биде гарант за индивидуалните права, рече евроамбасадорот Орав.

Тој потсети дека ЕУ помага во справувањето со овие прашања преку финансиски инструменти. Така, преку програмата за медиуми, информира, 2,5 милиони евра се поделени за поддршка на слободата на интегритетот на медиумите. Во рамки на ИПА 2, најави, ќе биде обезбедна помош за зајакнување на професионалните новинарски организации и НВО кои се залагаат за слободата на медиумите.

Марина Тунева, извршен директор на Советот за етика во медиумите (СЕММ) нагласи дека во последно време преку претставките кои ги добиваат забележуваат оти тие се однесуваат токму на проблемите кои се јавуваат во медиумското известување, а се поврзани со говорот на омразата и дискриминацијата.

- Од тие причините сметаме дека треба да продолжи дискусијата во врска со овие прашања и да се раговара како овие проблеми можат да бидат надминати, особено од агол на уредниците, изјави Тунева.

Таа додаде дека се поканети за дискусија и претставници и од Хелсиншкииот комитет, Народниот прабранител и Јавното обвинителство, кои, рече, треба да бидат актери за координација во овој процес.

- После овие разговори во рамки на оваа иницијатива, очекуваме да се креира план на активности кои ќе бидат преземени во самите редакции и другите чинители кои се важни за справување со говорот на омраза и дискриминација, со поддршка и учество од Советот за етика во медиумите, изјави Тунева.

Во периодот на функционхирање на Советот за етика, во изминатите шест до седум месеци, информира таа, добиени се околу 50 - тина претставки. Според Мирче Адамчевски, претседател на СЕММ од вкупно добиени 16 претставки во врска се однесуваат на говорот на омраза и дискриминацијата преку медиумите, 12 се за интернет порталите, три за националните телевизи и една за печатен медиум.