Бизнис
7. јуни 2016 - 9:02

Тркалезна маса за модел за соработка во рехабилитацијата на лица со инвалидитет

Тркалезна маса насловена „Организациски модел за соработка помеѓу засегнатите страни во областа на професионалната рехабилитација на лица со инвалидитет во Република Македонија”, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на проектниот конзорциум WYG Интернационал.

Проектот, кој е финансиски поддржан од ЕУ, има цел да го подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповолна положба и да ги унапреди еднаквите можности на пазарот на труд.