Тркалезна маса: Практиканството не смее да се сфаќа формално
Практиканството не смее да биде само формалност, туку треба да биде максимално искористено, како од страна на работодавачите, така и од страна на младите лица, но притоа да нема злоупотреби, порачаа млади струмичани организирани во Центарот за истражување и анализи „Новус“ од Струмица.
На тркалезната маса насловена како „Значењето на практичната работа во процесот на вработување“ присуствуваа млади, професори, претставници од граѓански организации, медиуми, претставници од Агенцијата за вработување и од локалната власт.
Во заедничка соработка на сите чинители, беше заклучено дека практиканството мора да биде дизајнирано за да им овозможи на младите практично познавање и користење на изучуваните дисциплини, професионален развој и запознавање со понатамошната работа.
Настанот се организираше во рамките на Проектот за иституционално јакнење на организацијата поддржан од ФООМ.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот