Тркалезна маса „Достапна литература за лицата со оштетен вид“
Тркалезна маса „Достапна литература за лицата со оштетен вид, значење на Маракешкиот договор" ќе се одржи денеска во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз" во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.
На тркалезната маса ќе се обратат претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, Жарко Селковски и извршниот директор на Сојузот на слепите на Црна Гора, Горан Мацанович.
За моментална состојба во Република Македонија кога е во прашање достапна литература за лицата со оштетен вид ќе говори генералниот секретар на Националниот сојуз на слепите на РМ, Стерја Димов, а за значењето и одредбите на Договорот од Мароко ќе зборува советникот за меѓународни односи при Сојузот на слепите на Црна Гора, Катерина Бигович.
- Читањето е човеково право, но во моментов сите луѓе не можат да пристапат до книги или други материјали за читање. Над 90 отсто од сите објавени материјали не можат да бидат прочитани од слепи лица или лица со посебни потреби за печатење, што доведува до „глад за читање или жед за читање, информираат од Национален сојуз на слепите на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење