-->
-->
Триумф на Ѓорческа во двојки на фјучрсот во Франција
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжи со победите на мечевите во игра на двојки. Таа попладнево во францускиот град Сен Мало заедно со Дијана Марцинкевича од Летонија победи на турнирот што се игра за награден фонд од 50.000 долари + хоспиталити. Тие во финалето ги победија романските тенисерки Алекасндра Каданцу и Жаклин Адина Кристиан.
Првиот сет со 6:3 во гемови им припадна на романските тенисерки, а втоориот го добија Ѓорческа и Марцинкевича. Во решавачкиот сет беше 10:8 на поени за македонско-летонската двојка.
Ова за Ѓорческа е шести триумф во двојки во 2016 година, но ова е турнир од највисок ранг освоен досега. За триумфот Ѓорческа ќе освои 100 поени.
Во поединечна конкуренција триумфираше Марина Заневска од Украина која со 2-0 во сетови ја победи Камила Росатело од Италија. Ѓорческа во првото коло во сингл беше елиминирана од победничката на турнирот Заневска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти