-->
-->
Триумф на Германките Беренс и Гленцке во Скопје
-->
Одбојкарската двојка Беренс/Гленцке од Германија триумфираше на седмиот по ред меѓународен турнир во одбојка на песок „2016 CEV BEACH VOLLEYBALL WOMEN SATELLITE SKOPJE“ во женска конкуренција, што од 1 до 4 септември се играше на терените на Градската плажа „Парк“.
Второто место на овој турнир го освои одбојкарската двојка, близначките Штраус/Штраус од Австрија, а на третото место се пласираа одбојкарките Синисало/Ахтиаинен од Финска.
По одигрувањето на финалниот меч, синоќа им беа доделени медалите и паричните награди.
- Во име на Градот Скопје упатувам искрени честитки до сите учеснички во овој 7-ми по ред сателит турнир во одбојка на песок. Овој атрактивен спортски настан со своето присуство го збогатија 26 одбојкарски двојки од Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Косово, Холандија, Романија, Србија, Турција, Украина и од Македонија. Уверен сум дека Ваша мотивација не беше само високиот награден фонд, туку и одличната организација на овој турнир и нашето гостопримство. Очекувам следната година овој турнир да биде уште помасовен, рече заменик-градоначалникот на Град Скопје, Борче Георгиевски, кој ги додели медалите за освоено прво место на турнирот.
Медалите за освоено второ место ги додели Ивица Хаџи Иљовски, потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија, а на третопласираните одбојкарки медалите им ги додели Ламбро Патче, менаџер за јавни работи и комуникации во „Пивара Скопје“.
Меѓународниот турнир во одбојка на песок „2016 CEV BEACH VOLLEYBALL WOMEN SATELLITE SKOPJE“ се играше пред полни трибини. Наградниот фонд на турнирот изнесува 8.000 евра.
Градот Скопје финансиски ја поддржа организацијата на ова големо спортско случување со 1.000.000 денари и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија. Технички организатор и реализатор на турнирот е Одбојкарската федерација на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
-
Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп
-
Мицотакис: Граѓаните преку големите протести побараа вистина и правда, но и Грција да се издигне уште повисоко
-
Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ
-
Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго
-
Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон
-
Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби
-
Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија