Трите повредени лица во пожарот во Пржино во стабилна состојба
Трите лица кои вдишаа чад во вчерашниот пожар во скопската населба Пржино се во стабилна состојба, информираат од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Директорката на Детската клиника Катерина Ставриќ за МИА изјави дека 10-годишното дете кое беше примено на оваа клиника, е добро и денеска е пуштено на домашно лекување.
Во стабилна состојба се и мајката и таткото кои беа примени на Клиниката за токсикологија. Директорот на оваа Клиника Нико Бекаровски изјави дека двајцата пациенти се добри и во стабилна состојба. Најверојатно ќе бидат пуштени во текот на денешниот или утрешниот ден.
Во вчерашниот пожар на улицата „Баница“ во Пржино интервенираа 30 пожарникари со седум возила. Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески изјави дека се работело за една од понапорните интервенции во последните 25 години и оти биле употребени над 70 апарати за дишење поради густиот чад од медицинскиот материјал којшто горел.
Пожарот избувна вчера попладне во подрумските простории на зграда на улицата „Баница“ во Пржино. Гореше медицински материјал од приватна аптека која овој простор го користела како складиште. Материјалната штета сеуште не е утврдена.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња