Трите најголеми верски заедници во земјава ќе одржат заедничка молитва за мир во Украина
Трите најголеми верски заедници во земјава, Македонска Православна црква, Исламската верска заедница на РСМ и Македонска Католичка црква, денеска на територијата на целата држава ќе одржат верски обреди посветени на мир во Украина и во целиот свет.
Поточно, како што информираат од Здружението на Украинци во Северна Македонија, во градските и приградските храмови на МПЦ веднаш по светата литургија ќе биде отслужен молебен за мир во Украина и воопшто во целиот свет.
Исто така, Исламската Верска заедница на РСМ денеска една од петте молитви во џамиите низ целата земја ќе ја посвети за мир во Украина, а во Македонската Католичка црква ќе се одржи миса за мир во Украина.
Од Здружението на Украинци во Северна Македонија ги повикуваат и другите верски заедници во државата да се придружат до иницијативата за одржување молитва за мир во Украина на истиот ден на територијата на целата земја. Сите верници се повикуваат да се придружат на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија.
-Сметаме дека на таков чин нашата држава ќе прати силна порака за заложба на што поскоро прекинување на војната во Украина и мир во целиот свет, се вели во соопштението на Здружението.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
