Трипуновски: Заев заради личен профит ги остави граѓаните без капка вода
Зоран Заев заради личен и партиски профит во бизнисот со производство на електрична енергија ги остави граѓаните без капка вода. Во 2020 година заради Заев земјоделците нема да имаат вода за наводнување, а ќе има и прекини во водоснабдувањето со вода за пиење низ градовите во Република Македонија.
Хидроакумулациите се испразнети и за повеќе од 2/3 од своите капацитети.
Тиквешкото езеро е намалено за 70%.
Езерото Калиманци е намалено за 75%.
Езерото Турија е намалено за 65%.
Прилепското езеро е намалено за 85%.
Стрежевското езеро е намалено за 72,5%.
Очајна е состојбата и со Мавровското и Дебарското езеро.
Негрижата ги уништува македонските езера. На удар се граѓаните и престои проблем со водата за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и македонската економија.
Само за пример во езерото Калиманци моментално има нешто над 30 милиони метри кубни вода. За задоволување на потребите на земјоделското производство на потегот од Виница до Велес се потребни 100 милиони метри кубни вода. Фалат цели 70 милиони метри кубни вода кои власта наместо да ги чува ги потроши за производство на електрична енергија.
Оризарите во кочанско нема да имаат вода за да ги поплават оризите, зафат кој што се прави во месец април. Нема да има вода ни за Овчеполието, ниту за другите краеви во Република Македонија.
Иста е ситуацијатa и во Тиквешко, Повардарие, Пелагонија, Струмичко. Нема крај каде што нема да се појави проблем со наводнувањето во наредната 2020 година.
Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособноста и жед за пари мора да престане и да се казни. За да не дозволиме СДСМ да украде уште 4 години од нашите животи. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство