Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ со уште повеќе проекти за подобрување на земјоделството
Во рамките на определбата на ВМРО ДПМНЕ, да се има постојана комуникација со граѓаните, денеска во Виница, село Истибања престојуваше Цветан Трипуновски.
Тема на средбите беше перспективата на аграрот во периодот кога се очекува завршување на наметнатата криза во државата.
Трипуновски зборуваше за значењето на производството на храна, но и директната зависност од стабилна извршна власт, која во моментов е неопходност. На секој граѓанин му е јасно што значат релаксирани услови за живот и работа, кога енергијата нема да се троши на бесмилени, испровоцирани и наметнати односи од страна на СДСМ, наспроти избраните претставници од народот на последните парламентарни избори.Затоа, не треба да има никаква дилема: само 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ во идниот законодавен дом се вистинска гаранција за враќањето во нормален колосек и продолжување на патот на развојот.
-На секој поединец му е јасно што прави Владата, дури и во вакви услови, а потврда за бизнис условите дојде и до Светска банка, од Дуинг бизнис за високата десетта позиција на Република Македонија во светот. Земјоделството како особено значаен сегмент во тие рамки ќе добие уште подобри позиции, зашто продолжува поддршката за поголемо и поквалитетно производство на храна, истакна Трипуновски.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка