Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ предлага оризот да стане стратешка култура

Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ денеска присустуваше на протестот во Чешиново-Облешево каде оризопрозиводителите го искажаа своето незадоволство од политиките на актуелна влада предводена од СДСМ и ДУИ. Трипуновски побара од власта уште веднаш да почнат со измена на Законот кој што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во Собранието, а тоа да е оризот стане стратешка култура и веднаш преку Агенцијата за стокови резерви да се откупи количина која што се складира за националните резерви.
-Она што сакам да го упатам како ВМРО-ДПМНЕ до власта е уште веднаш да почнат со измена на Законот кој што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во Собранието, а тоа да е оризот стане стратешка култура и веднаш преку Агенцијата за стокови резерви да се откупи количина која што се складира за националните резерви. Тоа е едно од решенијата кои што во моментот ги нудиме како опозиција до власта за да се реши овој горлив проблем, рече тој.
Трипуновски им порача на земјоделците дека доаѓаат подобри времиња и за тоа ќе се погрижи идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и земјоделецот нема да биде заборавен.
-Меѓутоа јас морам да им посочам на сите земјоделци од цела Република Македонија дека доаѓаат подобри времиња затоа што навистина се потребни брзи предвремени парламентарни избори, додаде тој.
Цветан Трипуновски
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
