Трипуновски: Над 70 вработени во шумската полиција прераспределени надвор од местото на живеење

СДСМ ги шиканира вработените во МЗШВ. Над 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење.
Трајан Димковски по налог на Зоран Заев шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се професионалци вработени во Секторот Шумска полиција.
70 администратори и шумски полицајци веќе една недела одат на работа оддалечена и над 50 километри од нивното место на живеење.
За апсурдот да биде поголем се преместуваат вработени од еден во друг град со образложение, зголеми обем на обврски. А се што прави власта е само размена на луѓе, без дополнување и дополнително образложение.
Шиканирањето и мобингот нема да заплашат никој. Граѓаните се помотивирани од било кога. СДСМ паѓа и ниту една манипулација и панична реакција нема да ги спаси.
ВМРО-ДПМНЕ им нуди на сите вработени во јавниот сектор кои се шиканирани од власт бесплатна правна помош од страна на правната комисија на партија, кој ќе може да ја добијат во секој еден штаб на партијата, секој работен ден од 17-19 часот.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
