Трипуновски: МВР врши жесток притисок врз земјоделците кои протестираат поради ниските откупни цени
Ковачевски и Николовски преку Министерството за внатрешни работи на Спасовски вршат жесток притисок вез земјоделците, кои преку протести го изразуваат својот револт од неспособноста на владата да обезбеди пласман за нивните земјоделски производи.
Ова е барање за поведување на прекршочна постапка против 9 лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани – Штип, заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот.
Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест.
Почитувани,
Ова е поканата за разговор од јавен обвинител, за еден од организаторите. Од која јасно се гледа дека тој е повикан во својство на обвинет затоа што протестирал и го искажал својот револт поради ниските откупни цени на оризот.
СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени. 5 години се на власт, секоја година дел од родот завршува на буниште, а се помал е и бројот на земјоделци, но и на површини под посеви и насади.
Почитувани,
Апелирам владата на чело со Ковачевски и Николовски да не се изживува со земјоделците. Веднаш да го запре прогонот против нив.
Дополнително, наместо преку нишан да гледа кон земјоделците, да се договори за производство за основните продукти, и истите преку Агенцијата за стокови резерви да ги откупи државата.
Недозволиво е во глобално непредвидлива ситуација земја како Македонија, која има потенцијал да произведе основни продукти, суровини и преработки од храна, да гладува.
Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
