Тринаесетмесечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба
Тринаесетмесечното дете од Свети Николе кое беше заразено со морбили е во добра здравствена состојба, покажаа и денешните резултатите од контролниот преглед на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, вели раководителот на ова одделение доктор, Дијана Шишкова-Гајдарџиска.
– Детето е во добра здравствена состојба и за цело време дома било без температура, без некакви потешкотии, со хранење, пиење во добри, соодветни количини, без кашлица. Денес за време на прегледот наодот на белите дробови беше уреден, во добра состојба и назаначени се препораки за понатмошно домашно лекување. Затоа што сега следува период на опоравување на детето, вели Шишкова-Гајдарџиска.
Посочи дека будноста на педијатрите и на матичните лекари е на високо ниво, секој сомнителен случај се препраќа на штипското Инфективното одделение.
– Ни беа испраќани пациенти со исип, под сомнение дали се работи за морбили, за дијагностицирање на болеста, но станува збор за други исипни заболувања. Така да единствен случај на морбили е 13 месечното дете, рече Шишкова-Гајдарџиска.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ вели дека немаат регистрирано нов случај на морбили во земјава. Се уште се истражува како 13 месечното дете се заразило, кое пред да биде хоспитализирано било и на прегледи и во Скопје.
Ново на Сител
-
Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје
-
Вашингтон се заканува со санкции, Колумбија уверува дека се бори против шверцот на кокаин
-
Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област
-
Н1: Разрешен командантот на српската Специјална антитерористичка единица
-
ЦУК: Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора
-
Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа по раст на БДП
-
Франција на работ на економска и политичка криза, премиерот веројатно ќе го изгуби гласањето за доверба
-
Русија со балистичка ракета ја нападна Одеса