-->
-->
Тринаесет сообраќајки во Скопје, седум лица повредени
-->
Седум лица се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во шест била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло и пет возачи за неправилно престигнувње. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал крстосница на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и едно технички неисправно возило и шест нерегистрирани возила. Затекнати биле 111 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 68 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајната култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Кул Кидс“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода. гв
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски