-->
-->
Тринаесет фудбалери би можеле да го напуштат Манчестер јунајтед во следните два преодни рока
-->
Дури 13 играчи на Манчестер јунајтед би можеле да го напуштат англискиот клуб во следните два преодни рока, пренесува „Мирор“.
Според британскиот медиум, тренерот Ерик тен Хаг планира да продолжи со реструктуирање на тимот и чистење на списокот.
Се истакнува дека главни кандидати за напуштање на клубот се Џејдон Санчо, Мејсон Гринвуд, Дони ван де Бик и Ентони Марсијал.
Педесет и тригодишниот Холанѓанец го предводи тимот од „Олд Трафорд“ од минатото лето. По 12 кола Манчестер јунајтед е шести во Премиер лигата со 21 бод. Лидер е Манчестер сити со 28 бодови.
Манчестер јунајтед ќе се соочи со Евертон на 26 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран