Тримесечна прогноза на УХМР - еве какво време не очекува оваа есен
Овој месец ќе биде малку поврнежлив на целата територија освен во североисточниот и северозападниот дел каде не се очекуваат врнежи поголеми од просечните за тие региони.
Во октомври не очекуваат просечни температури 10-14°C, но постои голема веројатност дека во врнежите на целата територија на Републиката ќе бидат под просечните вредности. Особени пониски количини на врнежи се очекуваат во западна Македонија.
Просечните вредности на температурата би требало да се задржат и во месец ноември 6-9°C, а во западните планински делови се очекуваат пониски температури. Врнежите и во овој месец треба да бидат под просечните, освен во источна Македонија каде што треба да се постигнат просечните количини (50-100mm).
Исто така постои веројатност во есенската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени позитивни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите.
Не се исклучува можноста дека кон крајот на септември и почетокот на октомври да имаме продолжеток на летото, потопол и сув период.
Според историските податоци со кои располага Управата за хидрометеоролошки работи за сезона есен регистрирана е апсолутната максимална температура 39,7 °C во Демир Капија на 05.09.2015г., а апсолутно минимална температура измерена е -19,0°C во Берово на 06.11.1995г. Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есентае од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127,0mm измеренина метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе.
Ново на Сител
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца
-
Словенец измамен за речиси 40.000 евра во крипто-заговор
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек