-->
-->
Трик под тушот кој го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето
-->
Ако не можете да го издржите денот без две или три шолји кафе, време е да пронајдете нов извор на енергија. Пробајте го овој утрински трик од 90 секунди, кој ќе стане незаобиколен дел од вашата секојдневна рутина.
Откако ќе го завршите утринското туширање, пробајте го овој зајакнувачки хидротерапевтски трик поради кој нема да ви биде потребно кафе за будење на енергијата.
Наместете го тушот на што поладна вода (колку што можете да поднесете) и поливајте се така 30 секунди. На почетокот водата ќе ви биде речиси неподносливо ледена, но брзо ќе се навикнете. На правете го ова нагло, туку
почнете со поедини делови на телото, а потоа опфатете го целото тело. Потоа наместете го тушот на врела вода и поливајте се со неа наредните 30 секунди. Топлата вода ги проширува капиларите, ја подобрува циркулацијата, па
го стимулира целото тело.
На крајот, наместете го повторно тушот на ладна вода и туширајте се 30 секунди.
Не само што сосема ќе се разбудите и ќе бидете подготвени за сите предизвици во новиот ден, туку овој метод ќе ви помогне да бидете помалку под стрес, ќе го зајакне вашиот имунитет, ќе ја зголеми способноста на организмот да ги согорува маснотиите и ќе го подобри вашето општо расположение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера