Триесет и седум санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден возач без лиценца
Во периодот од шест до 10 часот на територијата на земјава денеска е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, информираат од Министерството за внатрешни работи.
- При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 14 возила, појаснуваат од МВР.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, продолжуваат и во наредните денови.
- Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, потенцираат од МВР.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот