Тридневен штрајк на таксистите во Атина

Од 6 часот утрово, таксистите во Атина започнаа тридневен штрајк, организиран од нивниот синдикат, додека пак во цела Грција ќе штрајкуваат утре и задутре, со што земјата ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.
Преку штрајкот, таксистите уште еднаш ги повторуваат нивните барања, а главното е пролонгирање на законската обврска сите такси возила во Атина и Солун постепено да се заменат со целосно електрични, што се спроведува од почетокот на годинава, како и решенија за нелојалната конкуренција.
Во рамките на тридневниот штрајк, такси возачите во Атина денеска ќе одржат протест со нивните автомобили до Министерството за транспорт и инфраструктура, утре планираат протест на аеродромот, додека за четврток закажаа протест пред Премиерската палата.
Штрајкот на таксистите и во Атина и во цела Грција ќе заврши в петок во 6 часот наутро.
Во период од еден месец ова е четврти штрајк на таксистите.
Во цела Грција одржаа 48-часовен штрајк на средината на јануари, во Атина беше продолжен со уште еден ден, една седмица подоцна грчката метропола повторно беше два дена без такси превоз, а слична беше ситуацијата и на почетокот на месецов кога такси возачите во Атина штрајкуваа 48, а во Солун 24 часа.
МИА
Ново на Сител
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
-

Почуствуван земјотрес во Тетово
-

Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени
-

Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
-

Приведен 46-годишен турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти
-

Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“
