Тричковски стави крај на својата играчка кариера
Еден од најдобрите македонски фудбалери, Иван Тричковски и официјално стави крај на својата професионална играчка кариера. По завршувањето на сезоната со АЕЛ Лимасол, Тричковски (38) реши да ја заврши својата блескава кариера.
По настапот на Европското првенство во 2021 година, Тричковски се повлече од настапите за македонската репрезентација.
Офанзивниот фудбалер ќе остане дел од кипарскиот тим, сега како генерален директор на клубот.
-Крај на кариерата на еден голем играч и човек. Среќен и горд сум што бев дел од менаџментот на фудбалската кариера на Иван Тричковски, на кого му посакувам многу успех во иднина како генерален директор на АЕЛ Лимасол, напиша Никола Ѓошевски, неговиот менаџер.
Тричковски ја започна својата кариера во Вардар, а беше дел од „црвено-црните“ до 2007 година. Потоа играше за Работнички од каде замина за Црвена Звезда (Србија), па во Клуб Бриж, Беверен (Белгија), Ал-Наср (ОАЕ), Легија Варшава (Полска), Енозис, АПОЕЛ, АЕК Ларнака и АЕЛ Лимасол (Кипар).
Тричковски за репрезентацијата на Македонија одигра 65 меча на кои даде седум гола.
Ново на Сител
-
Миновски: Нови работни места, зголемени инвестиции и долгорочен економски бенефит со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
-
Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски е можна само доколку делегациите претходно постигнат договор
-
Британскиот амбасадор ги демантира информациите дека во земјата ќе се градат кампови за мигранти
-
Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото кралство е втор столб на нашата меѓународна позиционираност
-
Пезешкијан: Трамп зборува за мир и истовремено се заканува
-
Фатен на дело крадец во Битола
-
Во Ниш ќе се одржи централен дел од сенароден собир, Вучиќ најави претставување на нова програма за Србија
-
Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел