Трибина за „Дигитализација на јавните услуги“ во Штип
Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Штип ќе се одржи првата од серија трибини на тема „Дигитализација на јавните услуги“.
На трибината, како што информираат од МИОА, ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација. Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.
За дигитализацијата на земјата ќе говори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски. Дополнително, на трибината ќе говори и проф. Зоран Здравев од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип како претставник од академската заедница. Бизнис заедницата ќе ја претставува Хајди Клинчарска, искусен веб-девелопер и менаџер од „Лупифај“.
Пред почетокот на трибината ќе има презентација на просторот во зградата на Општина Штип, каде граѓаните ќе можат да се регистрираат на порталот за е-услуги.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар