-->
-->
Трибина „Вовед во човекови права и правна заштита од дискриминација“ во Кичево
-->
Во Кичево синоќа се одржа трибина на тема „Вовед во човекови права и правна заштита од дискриминација“ што ја организираше Сенада Сали, добитничка на наградата за младинско учество што ја доделува Проектот за УСАИД за граѓанско право.
На трибината учествуваа поголем број млади Роми од градот Кичево.
- Ова е последната работилница, откако претходно се веќе завршени работилниците во Скопје и во Битола. Со оваа работилница доволно е да се подигне свеста, самите тие да истражуваат, бидејќи во еден ден не е возможно во целост да научат се за оваа проблематика, рече меѓудругото Сенада Сали, правник во Европскиот центар за правата на ромите во Будимпешта.
Со свои размислувања и предлози излегоа и учесниците на оваа трибина, а следуваа и прашања на тема на дискриминација на Ромите од секаков вид што се случува во земјава.
Емин Мамудоски од НВО „Преродба“ од Кичево истакна, дека преку оваа и другите работилници што ќе следуваат во текот на есента, „ќе се работи на зголемување на свеста на ромската популација за нивните права и на кои сегменти треба да се работи за и тие да бидат рамноправни граѓани на оваа заедница“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај