Трибина по повод 28 Април, Светски ден за безбедност и здравје при работа

Македонското здружение за заштита при работа со трибина ќе го одбележи 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
Тема на овогодинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е „Подобрување на безбедноста и здравјето на младите работници и крај на детскиот труд”.
Статистиката на Меѓународната организација на труд покажува дека 541 милиони млади работници (15-24 години) сочинуваат повеќе од 15 отсто од светската работна сила и има 40 отсто повисоки стапки на нефатални професионални повреди отколку кај возрасните работници постари од 25 години. Оттука, произлегува дека младите се ранлива група, која најмогу подлежи на повреди, заболувања и несреќи на работните места.
Многу фактори влијаат на ваквата состојба, а тие се: нивната психо-физичка развиеност, недоволната информираност, недостатокот од работно искуство, недоволната свест за опасностите поврзани со работата итн.
- Со цел потикнување на превентивна култура, од најрана возраст да се говори за безбедност и здравје при работа, за да создадеме безбедни и здрави генерации, Македонското здружение за заштита при работа организира тркалезна маса каде главен збор ќе имаат младите ученици од средни училишта, студентски организации, млади работници итн., наведуваат организаторите.
На настанот ќе биде претставен и Годишниот извештај за несреќи при работа во Македонија за 2017 година, кој здружението го изработува веќе десетта година по ред.
Ново на Сител
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
-

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци
-

Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ за товарни возила, патничкиот сообраќај се одвива непречено
-

Кремљ: Преговорите за Украина сè уште се во рана фаза
-

Двајца малолетници од Радовиш запалиле паркиран автобус
