Трибина на Универзитетот ЕФТА за 75 години од холокаустот
Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија денеска во Кинотека на Македонија организира академска трибина за 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи и по повод почетокот на италијанското претседателство со IHRA (International Holocaust Remembrence Alliance).
На трибината ќе гостуваат режисерот Луиџи Фачини и продуцентката Марина Пиперно на документарниот филм „Лебот на сеќавањето“, потресно сведоштво за холокаустот.
- Авторите на филмот се меѓу малкутемина преживеани од големата депортација на италијанските Евреи од Рим во октомври 1943 година. Македонската премиера на филмот ќе биде на 14 март во просториите на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија од 19 часот, соопшти ЕФТА.
Трибината со поздрави обраќања ќе ја отворат ректорот на универзитетот ЕФТА Јордан Плевнеш и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива