Трибина на младите на Конгресот на локални и регионални власти на СЕ
Триесетина млади од земјите членки на Советот на Европа по вторпат оваа година имаа можност активно да бидат вклучени во работата на Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа, за да ги изнесат своите предлози и да учествуваат во дебатата, јави дописникот на МИА од Стразбур.
„Што да се направи за да се мобилизираат повеќе млади луѓе на локално и регионално ниво?“ „Учеството на младите во политиката на локално ниво, сега е само 13 отсто и се намалува. Зошто?“
Ова се некои од прашањата поставени во текот на презентацијата на работата на делегатите на младите.
Триесет и шест делегати на младите во текот на шест месеци спрпведуваа проект во кој беа вклучени повеќе од 3.000 млади луѓе од цела Европа а беа контактирани уште 120.000 други преку различни комуникациски канали.
Истражувањата, презентациите, работилниците и семинарите помогна да се информираат младите за инструментите на политиката на Конгресот; а програмите насочени кон младите луѓе повикуваа на мобилизација и охрабрување да учествуваат во донесување одлуки на сите нивоа.
Делегатите на младите не се задоволија со листата на проблеми и пред членовите на Конгресот, тие ги презентираа своите конструктивни сугестии, истакнувајќи ја потребата за поголемо граѓанско образование, подобри структури на младинско учество и повеќе директен дијалог меѓу младите и локалните власти, за да се засили нивното вклучување во процесот на донесување одлуки.
Тие сметаат дека е потребна употреба на јазик погоден за младите и новите комуникациски канали претставува голем чекор напред. Младите го поканија Конгресот да ги користи во неговите активности посебно во ширењето на информации за нивните врсници и за да им помогнат на членовите на Конгресот да стигнат до нив. - Ајде да формираме партнерства, заклучија тие.
Во работата на Конгресот на локалните и регионалните власти на СЕ на пленарната сесија во палатата на Европа, честа да ги претставува заклучоците на младите делегати му припадна на претставникот од Македонија, Мартин Милошевски.
На оваа сесија се расправаше за многу актуелни прашања поврзани со надлежностите на локалните власти како „спречување на корупцијата и промовирање на јавната етика на локално и регионално ниво“, како и „несоодветно користење на административни ресурси за изборната кампања и улогата на локалните и регионалните избрани претставници“ и „етика и транспарентност на локално и регионално ниво“.
Ново на Сител
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи
-
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција
-
Македонија не смее да биде жртва на изнудување на членство во ЕУ
-
Се скарале во сообраќај па извадил нож и го избодел, уапсен 61-годишен гостиварец
-
Струмичанец со нож нападнал полицајци кои му кажале дека ќе му го одземат возилото
-
Дедо (80) од Македонија ограбен во Белград, отишол на договорено запознавање со девојка
-
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %
-
Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент