-->
-->
Три жени убиени на состанок на станари во Рим
-->
Три жени се убиени во неделата, кога маж извадил пиштол и пукал во учесниците на состанокот на станарите на зграда во Рим, јавија италијанските медиуми.
Како што јави Ројтерс, маж (57) е уапсен по пукањето, кое се случило во кафуле во римската населба Фидене, каде се одржувал состанок на советот на станарите.
„Влезе во барот, ја затвори вратата, извика „Ќе направам се за да те убијам“, а потоа почна да пука“, изјавил еден од очевидците за италијанската агенција Анса.
Во престрелката се повредени уште четири лица, од кои најмалку едно се здобило со тешки телесни повреди.
Осомничен за пукањето е маж, кој на полицијата и е веќе познат како учесник во повеќе расправии со станарското собрание.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
