-->
-->
Три страшни несреќи вчера ја потресоа Македонија
-->

Во 18 часот на улицата „Иван Милутиновиќ“ во куќата на Т.П. во Куманово, била пронајдена мртва жена. Според податоците од полицијата, се работи за 62-годишната П.Д. која таму живеела под кирија. Од страна на лекар од Итна медицинска помош за жал можела само да биде констатирана смрт. На телото на починатата немало траги на насилство.
Инаку, сега починатата претходно била пријавена за исчезната.
Исто така, во 19 часот синоќа било пријавено дека во водите на реката Вардар во населба Острово било забележано безживотно тело на маж. Според податоците на полицијата, се работи за 87-годишниот К.Д. од Скопје, кој од случајни минувачи бил изваден од реката.
Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт.
Шеесет и четиригодишен тракторист од кумановско Доброшане, починал вчера околу 9:40 часот во село Бајловце.
Според, СВР Куманово трактористот собирал сено со трактор на кој имало прилучена дополнителна земјоделска алатка. Тракторот во еден момент се превртел и врз земјоделецот паднала приклучната алатка. Лекарите само ја констатирале смртта.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово по овластување на Основното јавно обвинителство. Телото на починатиот е предадено на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
