Македонија
8. April 2017 - 14:06

Три силни земјотреси регистрирани на Филипини

Три земјотреси со јачина меѓу 5 и 5,9 степени по Рихтеровата скала го погодија денеска јужниот дел на Филипини, а се стравува дека е можно цунами.

Потресите, кои се случуваа во интервал од 20 минути, се почуствувани и во претстолнината Манила.

Засега нема информации за поголема материјална штета или жртви од земјотресите на островот Лузон, регистрирани околу 15 часот по локално време.