-->
-->
Три простории изгореа во пожар во кумановското село Табановце
-->
Помошни простории, работилница за изработка на грнчарија, куќа изгореа во пожарот што избувнал во два часот по полноќ во кумановското село Табановце. Во гаснењето на пожарот се вклучиле четири противпожарни екипи со десетина пожарникари.
- Пожарот е пријавен во часот по почноќ. Четири екипи го гаснеа, целосно е ликвидиран пред пладне денеска. Штетата е значителна, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
И од полицијата потврдија дека денеска во 06.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на кумановското село Табановце, настанал пожар во кој биле опожарени три помошни простории од куќа сопственост на С.Т.(54) од село Табановце. Полицијата извршила увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
