Три лица загинаа во водите на Рајна
Три лица, меѓу кои и едно девојче, загинаа во реката Рајна, откако нивниот чамец на надувување се преврте во Герштајм (Долна Рајна). За исчезнато се води уште едно девојче по кое активно се трага, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
-Три лица се мртви, вклучувајќи и сведок кој се обиде да ги спаси патниците на чамецот меѓу кои и едно девојче од шест години, соопшти во префектурата на Долна Рајна. Друго лице се наоѓа во ситуација на „релативна опасност“ и тоа е во болницата на Селестат, се вели во соопштението.
Според оперативниот центар за борба против пожари и спасување на Долна Рајна, лесен чамец, „еден вид на кајак“ се прврте претпладнето и повеќе лица скокнале во водата за да ги спасат патниците, околу браната Герштајм.
Големи француски и германски спасувачки служби се распоредени, вклучувајќи и тимови со кучиња, неколку хеликоптери и нуркачи, кои моментално ја пребаруваат реката. Исто така има и пешачки патроли на бреговите на Рајна во потрага по исчезнатото девојче.
Ново на Сител
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп
-
Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања