Македонија
19. April 2025 - 16:58

Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа

Огромна неприспособена брзина е причина за синоќешната сообраќајна несреќа која што се случи на патот Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, во која загинаа три лица, а осум се повредени.

Во несреќата учествувале три патнички возила „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 64 годишно лице од Битола, патничко возило „форд“, управувано од 63 годишник од село Горно Страгомиште и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 38 годишно лице од Гостивар. 

Министерот Тошкоски апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила, особено оние што се однесуваат на максимално дозволена брзина.

Од Обвинителството денеска информираа дека од местото на несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Ги истражуваат причините за сообраќајката, издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол и други супстанции кај повредените.