Три лица убиени во Источна Украина

Двајца украински војници и една жена- цивил, се убиени во последните 24 часа во источна Украина, соопштија денеска завојуваните страни, пренесува БТА.
- Двајца украински војници се убиени и осуммина повредени, соопшти на прес-конференција портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко. Тој додаде дека најтешка е ситуацијата во Широкино, населба на околу 20 километри источно од стратешкото пристаниште Маривпољ. Таму загинал едниот од војниците, а другиот е убиен во соседното село Талакивка.
Висок претставник на сепаратистите Едвард Басурин изјави дека блиску до Новоазовск, во јужниот дел на самопрогласената Доњецка народна република, била убиена една жена, а друга била повредена.
Конфликтот меѓу проруските сепаратисти и централната власт во Украина трае подолго од две години. Од почетокот во април 2014 година загинаа над 9.600 луѓе. И покрај објавеното примирје, редовно доаѓа до судири.
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
