Три лица приведени на регионалниот пат Гевгелија – Богданци за поседување хероин
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и Полициската станица Гевгелија вчера во 11.30 часот на регионалниот пат Гевгелија – Богданци, на крстосница „Богородица“ ги лишиле од слобода Н.М.(33) и И.М.(48), двајцата од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.
Како што соопшти МВР, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на дом и помошни простории во Богданци, кои ги користи Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки Canabis Sativa, пари за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на опојна дрога.
Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 и 216 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија
-
Македонката Наташа Соврановски која исчезна во Германија е пронајдена мртва
-
АХВ: Спроведени вонредни контроли и во Кавадарци
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците
-
Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна