Македонија
27. May 2024 - 21:34

Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш

Три лица се полесно повредени во сообраќајка која се случила вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.

На местото  на сообраќајката увид изврши полицијата. Додека траеше увидот  собраќајот се насочуваше по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци