-->
-->
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски ракетен напад во Криви Рих
-->
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а неколку се повредени во руски ракетен напад врз родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски – Криви Рих, објави шефот на градскиот совет за одбрана Олександр Вилкул.
-Во тек е итна операција за спасување. Најмалку две лица загинаа, а уште три се повредени, меѓу кои и деца, откако Русија нападна станбена зона.
Можно е сѐ уште да има луѓе затрупани под урнатините, напиша службеникот на Телеграм.
Вилкул подоцна појасни дека во рускиот напад загинале три лица откако една постара жена починала во амбулантно возило на пат кон болницата.
Според украинската воздушна одбрана, Русија синоќа истрелала крстосувачки и балистички ракети кон Криви Рих.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини