Три кривични против 20-годишен скопјанец - запалил автомобил, пукал во два наврати

СВР Скопје поднесе три кривични пријави против М.С.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „предизвикување на општа опасност“, против Д.Т.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „поттикнување“ и две кривични дела „помагање“ и против Б.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „соизвршителство“, во врска со кривичните дела „предизвикување на општа опасност“.
На 29.11.2023 во Скопје, пријавените истуриле бензин на паркирано патничко возило „алфа ромео“, а додека возилото горело снимале со мобилен телефон.
На 13.11.2023 во Скопје, второпријавениот му дал пиштол „застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, со кој испукал пет куршуми кон влезната врата од станот на И.О.. Истото го повториле и на 28.11.2023 на бул. „АСНОМ“ во Скопје, кога второпријавениот му го дал пиштолот „Застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, од кој испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило „форд“ сопственост на Б.К., оштетувајќи го возилото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
