Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации

Владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и опозициските Зелени и Левица, во координирана акција ја напуштија социјалната мрежа Икс и ја обвинија дека се повеќе шири ултрадесничарска пропаганда и дезинформации.
Икс изминатите години потона во хаос, сè повеќе е доминиран од десничарски ботови. Политичките дебати живеат од размена на мислења и да допрат до луѓето и ги информира. Повеќе не сакаме да зајакнуваме место како Икс, кое охрабрува десничарска популистичка содржина, омраза и дезинформации – наведоа трите партии во заедничка изјава.
За почеток партиските профили на Икс нема да бидат изгасени туку само деактивирани. Партиите им препорачаа на своите членови и симпатизери да го бојкотираат Икс, при тоа наведувајќи оти тоа е работа на нивната слободна волја.
Икс, претходно Твитер, беше купена во 2022 година од американскиот милијардер Илон Маск за 44 милијарди долари. Откако тој стана сопственик, следеа бројни, честопати хаотични, промени.
Германската федерална комесарка за борба против дискриминацијата, Ферда Атаман, на почетокот од 2025 година, ја повика владата во Берлин да ги затвори профилите на Икс поради тоа што социјалната мрежа станала инструмент што го користи најбогатиот човек во светот за политичко влијание.
СПД во Бундестагот има 120 пратеници, Зелените – 85, а Левица – 65 мандати од вкупно 630 пратеници.
MИА
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
