Loading Video...
Тенис
25. January 2020 - 16:48

Три фаворитки го завршија настапот на АО во 1/16-финалето

За разлика од мажите, кај дамите три фаворитки го завршија настапот на Австралија Опен во 1/16-финалето . 

Најголемото изненадување го направи Русинката, Павњученкова која во два сета  ја елиминира втората носителка Плишкова. 

5-тата носителка Свитолина освои 1 односно 2 гема во двата сета одиграни против Мугуруза од Шпанија, а со само 1 освоен гем во дуелот против Естонката, Контавеи својот настап го заврши шесто рангираната Швајцарка, Бенчиќ. 

Пласман во осминафиналето обезбедија (6.носителка) Халеп, (9) Бертенс, (16) Мертенс, (17) Кербер, како и 18-годишната Ига Сватек од Полска која ја елиминира Хрватката, Векиќ инаку 19-та носителка во Мелбурн.