Три експлозии во воз, има мртви
Најмалку 24 лица се ранети денеска при три експлозии во вагон на патнички воз во тајванскиот главен град Тајпеј, јави сингапурскиот весник „Стрејтс Тајмс“. Возот патувал на релација од градот Хсинчу во северозападниот дел на Тајван, до североисточното пристаниште Килунг. Експлозиите се случиле додека возот се наоѓал на тајпејската железничка станица „Сонгшан“. Според очевидци на настанот, прво се слушнале три експлозии во еден од вагоните, по што избувнал пожар, кој набрзо бил изгаснат. Причините за експлозиите засега не се познати, но според полицијата, првичните наоди на истрагата не укажуваат дека станува збео за терористички напад. Сепак, локалните медиуми јавуваат дека некои од патниците забележале маж кој непосредно пред експлозиите минал низ вагонот и во него оставил чанта. Според полициски извори, на едно од седиштата во вагонот бил пронајден „црн предмет со должина од 20 сантиметри, кој наликувал на ракета за огномет“, но засега не е позанто дали тој предмет е поврзан со експлозиите.
Ново на Сител
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
