-->
-->
Три дрона и хеликоптер на небото над Косово: КФОР знаел за упадот на РОСУ?
-->
Пред и за време на распоредувањето на Косовските специјални сили на РОСУ на Газивода, имало три беспилотни летала на КФОР на небо над Косово и Метохија, од кои едно директно го покривал северот од покраината, така што Белград ја исклучи можноста дека КФОР не знаел за оваа „глупава“ операција на ХашимТачи, пишува Новости.
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека при посетатата на Хашим Тачи на Газивода имало и возила на ОН.
Тоа го пишува весникот, и буди нови сомнежи во тврдењето на меѓународните сили дека не биле известени за посетата, иако нивна обврска за вакви и слични движења северно од Ибар веднаш да ги информираат српските службеници.
- Додека специјалните сили на Тачи демонстрираа сила и со пушките беа на готовс и ги малтретираа Србите во Центарот за развој во спортот и екологијата, беа надгледувани од екипажот на хеликоптерот на КФОР, кои ги надлетуваат во овој период на кои налетаа, па така падна во вода приказната дека не се знаело за бруталниот упад со кој се погазени сите важечки договори кои се гарант за НАТО и ЕУ, се наведува во текстот.
Како што тврди изворот на весникот од безбедносни структури, специјалци од Приштина детално го прегледувале теренот два ипол часа пред да отиде Тачи на Газивода.
- Во целиот регион биле распоредени 12 снајперисти, а во подрачјето на хидроцентралата имало повеќе од 100 вооружени полицајци, пишува весникот Новости.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито
-
Фудбалерите оддадоа почит
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар