Македонија
19. December 2019 - 12:35

Три деца повредени откако таксист удри во нив во Чаир

Три деца се повредени откако таксист удрил во нив на пешачкиот премин во Чаир.

Едно од повредените девојчиња е пренесено на Карил, другите две се на Детска хирургија. Кај едното се констатирани скршеници, а другото малолетно девојче е моментално на опсервација. Сите повредени се на возраст од 12 и 13години.

Возачот на такси возилото е приведен во полициска станица.

Булеварот Христијан Тодоровски Карпош е затворен за сообраќај во еден правец.

Мирјана Давидовска