Македонија
1. July 2021 - 16:44

Три автобуси изгореа во пожар во Кавадарци

Утринава во 04.00 часoт во Полициската станица Кавадарци пријавено е дека, на плац на фирма од Кавадарци, на ул.„Индустриска“, настанал пожар на автобуси, соопштија  од МВР.

При увидот утврдено е дека се опожарени три автобуси сопственост на фирмата, при што е причинета материјална штета.

Пожарот е изгаснат од противпожарната бригада Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.