Три активни пожари во Прилепско
Во Прилепско-долненскиот регион денеска се активни три пожари. Најголемиот пожар е во атарот на селото Горно Село, прилепско-долненскиот регион, додека активен е и пожарот во атарот на прилепското село Марул и кај Дрен Смолани каде е шумски појас.
Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица, најмногу, околу 50 хектари се зафатени на потегот на Горно Село. Екипите се на терен, помага и локалното население.
-Во регионот кај Горно Село гори нискостеблеста и млада шума. На гаснењето ангажирани се 15 пожарникари, активирани се и вработените во шумското претпријатие „Црн Бор“ а во гаснењето помага и локалното население. Кај селото Марул гори нискостеблеста шума, додека пожар има и на потегот Дрен – Смолани каде е шумски појас. Имаме екипи на терен, изјави Стојчески.
Стојчески вели дека најголемиот дел од пожарите се подметнати.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите