Тргнала на работа и од тогаш и се губи секаква трага - После 31 година решена мистеријата
![]()
Петра Разситка од Германија тргнала од дома кон работа и од тогаш и се губи секаква трага. Настанот се случил во 1984 година кога имала 24 години. Мистеријата со години не била решена, се сомневале дека девојката е киднапирана, убиена, но денес 31 година подоцна е откриено што се случило.
Девојката која денес е жена, е пронајдена во Дизелдорф под презимето Шнајдер. Пред две недели и била ограбена куќата, па морала да викне полиција, а тогаш и бил откриен правиот идентитет.
Петра исчезнала на 26 јули. На работа отишла во три попладне и никогаш не се вратила. Бидејќи претходно во градот имало убиец кој убил 14-годишно девојче, а не бил фатен, се претпоставило дека повторно напаѓа. Иако Петра по истрагата била прогласена за мртва, верувале или не, вистината била дека избегала од дома и успешно се криела со години бидејќи не сакала да има ништо со своето семејство.
Оваа вест го шокираше светот!
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
