Тргнал по стапките на татко му и загина на ист начин, сепак со генијален потег спаси 6 животи
Авионот кој се сруши во централниот дел на Колумбија веројатно останал без гориво пред падот, сметаат истражителите, а се претпоставува дека пилотот Мигел Алехандро Квирога Мураками (54) намерно кружел пред слетувањето за да го потроши горивото во авионот, како би ја избегнал експлозијата.
Како што рекле, многу е сомнително што авионот не експлодирал, туку се срушил на патот од Боливија до Колумбија.
Преживеаните патници рекле дека се уверени дека авионот останал без гориво неколку минути пред редот за слетување на аеродромот Медалина.
Мигел инаку станал пилот благодарение на татко му Орландо Квирога, кој практично и не го знаел. Имал само една година кога Орландо загинал во пад на авион. Неговиот татко бил само една година помлад од Мигел, кога авионот му се срушил во Боливија. Мигел решил да тргне по стапките на татко му.
-Сите израснавме меѓу авионите, играјќи си во хангарите. Постариот брат Едгар е пилот, јас сум пилот, внукот ми е пилот, синот исто така. Ние сме семејство на пилоти – рекол покојниот Мигел.
Причините за падот на авионот се уште се испитуваат, а истрагата верува дека одговор на многу прашања ќе дадат црните кутии.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден