Тргна на Тајланд со семејството на Лепа Брена: Сите отпатуваа, Александра остана на аеродром
Александра Пријовиќ, Лепа Брена, Боба, Стефан и Филип Живојиновиќ вчера рано утрото требаше да отпатуваат во Истанбул, од каде со вечерниот лет требаше да продолжат за Тајланд.
Меѓутоа, сите отидоа, освен Александра која била принудена да остане во Белград. Според доброинформиран извор, на Александра на аеродром и рекле дека има проблем со визата и дека нема начин тоа да се реши во моментот туку дека ќе мора да оди во амбасада.
-Сите среќни и подготвени за големиот семеен одмор пристигнаа на аеродром, а тогаш на Александра и рекоа дека нешто со визата не е во ред. Таа прво помисли дека некој се шегува со неа, а кога сфати дека навистина е единствена која нема да отпатува и самата почна да се смее, открива извор.
Меѓутоа Александра во текот на денот успеала да го реши проблемот.
-Веднап отишла во амбасадата каде за среќа, го решила проблемот, така што многу брзо ќе им се придружи, додава соговорник добро упатен во целата ситуација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето