Трето издание на манифестацијата „Креативни точки“
Центарот за култура и културолошки студии со поддршка на женскиот хор „Менада“ од Тетово денеска и утре во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешочкиот манастир во село Лешок ја организира манифестацијата „Креативни точки“.
Во фокусот на манифестацијата се литературата и музиката, а учесниците преку импровизација ќе се обидат, користејќи ги сите литературни и музички жанри, да создадат хибридни дела. Ќе се стимулира учеството на публиката. Централниот настан на манифестацијата е „Креативни точки“ кој ќе се одржи вечер од 19 часот.
- Целта е динамизирање на начинот на презентација на музиката и литературата. Притоа, во музичкиот дел ќе биде застапена класичната, експерименталната музика и рокенролот, додека во литературниот дел покрај поезија ќе се чита и проза, драмски извадоци, а ќе има и слем настапи, како и кратки драматизации, соопшти организаторот.
На „Креативни точки“ ќе настапат: Петар Андоновски; Митко Апостолов; Митко Гогов; Катерина Гогова; Ана Голејшка; Живко Грозданоски; Дарјан Данески; Душко Дембоски; Ѓоко Здравески; Јован Илиески; Елена Карапејовска; Владимир Лукаш; Калина Малеска; Драгана Марковиќ; Марта Маркоска; Ивона Нацевска; Фросина Пармаковска; Елена Пренџова; Перица Сарџоски; Билјана Стојановска; Небојша Стојаноски; Снежана Стојчевска; Колос Цури...
Вечерта, традиционално, ќе ја отвори Младинскиот женски хор „Менада“ од Тетово, под диригентство на Ивица Зориќ со современа обработка на класични дела.
Во рамки на манифестацијата утре ќе се одржи и трибина „Интермедијалноста како алтернативна можност за презентирање на уметничките идеи на младите автори“ на која ќе се дискутира за начините за алтернативно презентирање на уметноста, методите на комуникација со публиката (релацијата автор - публика), како и потребата од надминување на застарените, нединамични форми на комуникација, каде публиката е безгласен консумент на литературата/музиката/уметноста.
Манифестацијата „Креативни точки“ оваа година е поддржана од Министерството за култура во рамки на проектот „Нов културен бран“. Нејзина цел е промовирање млади креативци, автори и творци од областа на музиката, литературата, фотографијата, сликарството и од други уметности.
Ново на Сител
-
Јанкуловски: Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата
-
Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок
-
Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години
-
Руските специјални сили пробија гасовод во обид да ги изненадат украинските сили
-
Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина